Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на општината откако партијата којашто досега го кандидираше, ВМРО-ДПМНЕ излезе со ново име за прв човек на оваа општина, пренесува Фокус.
Стојановски е на чело на општината дури четири манадати. Според Фокус, тој во периодот од 16 до 30 август планира да ги собере потребните потписи.
Стојановски се решил на ваков чекор бидејќи, како што вели, чувствува морална обврска да се кандидира со оглед на големата поддршка што ја имал и од граѓаните, но и бизнис заедницата.
Жика Стојановски беше дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поранешните функционери на партијата Ивица Коневски, Филип Петровски, Петре Латиновски, Борче Стамов, кои бараа ново раководство на опозициската партија.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ го кандитираше Александар Георгиевски, кој е актуелен советник од оваа партија во Општина Илинден.