ВМРО-ДПМНЕ одговори на соопштението на СДСМ во кое ги обвини дека се вратиле на местото на злосторот, пред Собранието и го слават насилството врз пратениците.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат:
-Најголемиот добитник од настаните на 27 април е Заев. Заев кога добива секогаш народот губи.
Богданка Кузеска нека излезе од ѕидините на Бихаќа и нека види народ по улиците. Тој народ е таму за Уставобранителите, но и поради сите неправди и хаосот донесен од Зоран Заев.
27 април и пресудите потоа се најголемиот срам за Заев, СДСМ и Кацарска судството. Народот си доаѓа по своето, а крајот на мафијата и одговорност потоа ќе дојде многу брзо.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде со народот и оваа неправда која ја нанесоа Заев и СДСМ нема да ја премолчи..