ВМРО-ДПМНЕ информира дека утре од 15 до 17 часот во Скопје и во уште десет градови ќе организира предупредувачки протест, од кој ќе побараат Владата да го објави докуменот, т.н. патоказ за кој, како што беше речено на брифингот во партијата, со Софија преговараат премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија Владо Бучковски.
За време на протестот блокадата на сообраќајот во Скопје, која ќе трае од 15 до 17 часот., ќе се однесува на сообраќајниците кои водат кон зградата на некогашна НИП „Нова Македонија“, кон Собранието на Македонија и трговскиот центар „Мавровка“.
Од партијата велат дека доколку не се прифати барањето кое се однесува на „патоказот“, дека ќе се организираат и други уште поголеми протести, како и низа на други активности во организација на ВМРО-ДПМНЕ.