Двете опозициски партии бараат одговорност од претседателот на Собранието Талат Џафери, кој пред два дена пред Комитетот за надворешни работи во Брисел се обрати на албански јазик. Уставот предвидува дека на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, па поради тоа ВМРО-ДПМНЕ и Левица сметаат дека Џафери го прекршил уставот.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе кривична пријава, додека Левица ќе поднесе интерпелација во Собранието.