Маричиќ нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните. Наместо да троши енергија за тоа, Маричиќ нека започне да се занимава со решавање на проблеми како и со акутната неспособност на власта. Ова се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на вицепремиерот Бојан Маричиж дадено за Македонско радио, во које најави дека е време за сериозни разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ уште се вели:
На површина излегува дека власта нема мнозинство за уставни измени, наспроти кампањата која ја тераше цела година дека се на прагот.
Единствено за што власта може да разговара со ВМРО-ДПМНЕ е потребата за предвремени парламентарни избори, бидејќи е јасно што побрзо си замине оваа криминална влада, тоа ќе биде подобро за Македонија.