Доколку ВМРО-ДПМНЕ го добие мандатот за состав на новата влада, во неа најверојатно покана ќе добијат Коалицијата ВРЕДИ и движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски.
Во изминатите неколку денови Христијан Мицкоски отворено кажа дека новата влада би сакал да ја формира со ВРЕДИ.
Иако велат дека се уште не разговарале за детали, во јавноста се шпекулира дека тоа не е баш така. Наводно веќе почнале и првични разговори за поделба на ресорите. Па, така шпекулациите велат дека Коалицијата ВРЕДИ го побарала, а и ќе го добие МВР. Наводно министер за внатрешни работи ќе биде Изет Меџити.
Денеска на прашање на новинарите, тој не негираше, но ниту потврди вакви шпекулации. Само кусо одговори дека во наредните денови ќе сее разговара.
„Ќе разговараме во наредните денови“, рече Меџити како одговор на новинарско прашање.
Во јавноста се шпекулира дека претседателот на Демократското движење ќе биде министер за внатрешни работи во идната Влада.
Шпекулациите се дека веќе ресорите започнале да се делат, а Меџити не негираше дека е можен кандидат за функцијата.