Претседателот Мицкоски бара цврсти гаранции од Софија за македонскиот идентитет и јазик, а СДСМ сака само да се слика. Дури и во монтираното видео на СДСМ јасно се гледа и слуша како претседателот Мицкоски кажува дека промени во Устав се можни само со цврсти гаранции од Софија. Нив сега ги немаме. Туку имаме негирање на македонскиот јазик и идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.

„СДСМ сакаат само да отидат да се сликаат исто како што се сликаа во авионот пред 5 години кога велеа дека датумот е добиен.

СДСМ го лажат народот и на мала врата сакаат да протуркаат нешто кое е спротивно со македонските национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи и поддржи предлог кој е на штета на Македонија, затоа во 19 часот пред Влада“, додаваат оттаму.