Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Сашо Мијалков сепак ја напуштил државата и стигнал до Србија. Тогаш како што тврдат тие се договорил со Зоран Заев и се вратил.

Крими-коалицијата Сашо Мијалков-Зоран Заев го урива системот. Мијалков од Србија преговарал со Заев, а Заев лаже дека Мијалков не го напуштил Скопје. Доколку е така, зошто е распишана национална, а потоа и меѓународна потерница?! Заев ја претвори државата во тезга. Доколку Мијалков бил во Скопје, тогаш зошто МВР не извршила претрес во станот или куќата кај што бил сместен Мијалков и што нашле таму?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред неколку дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека според сите оперативни сознанија Мијалков бил во Скопје, односно воопшто не ја напуштил државата.