Помошта на владата не е доволна ниту за плаќање закупнина за простор или сметки за струја, а не пак за нешто сериозно, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиската реакција меѓудругото се додава:

– Advertisement –

Оваа криминална власт, одлепена од реалноста нема слух за потребите и барањата на фирмите и работниците. Заради игнорантскиот однос на власта, секој ден се затвараат по 10тина фирми. До сега клуч заради Заев ставија 6.200 компании.

Изминатава година без работа останаа над 60 илјади луѓе, а околу 55 илјади вработени не ги земале своите заработени плати, поради колапсот во економијата во изминатиот месец. Додека презентираат мерки во вредност од само 17,8 милиони евра, за споредба во соседна Србија, владата му помага на стопанството со над 3 милијарди евра.

Заев тотално е забеган и не го слуша бизнис секторот и работниците кои немаат пари и крпат ден за ден.

Прикажи повеќе