Иако поминаа неколку дена откако Сашо Мијалков се појави, па му беше изречена и пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“, но и однесен во „Шутка“, продолжуваат партиските препукувања. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека министерот за правда Бојан Маричиќ три дена знаел дека Мијалков ќе се даде во бегство, а ништо не преземал.

-Бојан Маричиќ три дена знаел за бегството на Мијалков и ништо не преземал, има ли појасен доказ за договорот Заев – Мијалков? Маричиќ ја криел информацијата дека Мијалков ќе бега и помагал да ср реализира планот Заев – Мијалков. Мијалков кој бил помаган од власта на крај со црн владин пасат стигнал до ЈО, од каде правеше циркуз за потребите на Заев и глумеше изненаден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.