ВМРО-ДПМНЕ се огласи со писмена реакција во однос на изјавата на Ковачевски дека нема отворање на поглавјата поради проруска коалиција и анти-ЕУ и анти-НАТО коалиции.
Во нивното соопштение се вели:
Отворање на поглавјата нема, не поради ВМРО ДПМНЕ туку поради епидемијата од корупција, и потрошените 500 милиони долари за некакви реформи после кои корупцијата расте, наместо да се намалува.
Нема преговори поради неказнетиот криминал, поради тендери за коридори чии подизведувачи се партиски фирми на власта, поради соларното броило и ширењето на бизнисите на Ковачевски и неговиот кум, поради милионите од РЕК и редица други скандали.
Инаку за се што се случува во судството и обвинителството виновни се СДС и ДУИ. Премиерот на СДС се прогласи за главен реформатор на судството. Кадрите на ДУИ и СДС се главните во судските лавиринти. Рускоска и Кацарска беа кадрите и ударната тупаница токму на оваа власт.





















