Сања Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски кој наместо криминал брка путер и Филипче кој во пандемија се фати за провизии не се нови луѓе. Фирмите на Заеви секој квартал се во врвот на листата на должници за ДДВ, и не видовме ниту слушнавме за некоја акција од УЈП. Тоа е Сања Лукаревска извршител на Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Љупчо Николовски не се пронајде на ниту едно место. Земјоделието го упропасти, па смислија нова функција, каде наместо криминал брка путер. Венко Филипче од добар лекар се сведе на потрчко на Заев. Наместо да брка вакцини, тој во сред пандемија бркаше провизии. Битиќи не донесе ниту една инвестиција. Имаме 6.200 затворени фирми и 60.000 останати без работа. Царовска тера инает со цела држава. Спротивно на волјата на учениците, родителите и наставниците турка проект од кој корист ќе имаат само тие што ќе ги прават набавки и никој друг, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека СДСМ е истото старо транзиционо лице, на чело со стариот Заев.
Инаку, на вчерашниот 26-ти Конгрес на СДСМ Сања Лукаревска е избрана за заменик претседател на партијата, Битиќи и Филипче за претседатели, Спасовски и Царовска се реизбрани на оваа функција додека Николовски останува генерален секретар.