Димитар Ковачевски пропушти уште една шанса да се огради од Заев, и наместо тоа го пофали и се гордее до него, реагираат од ВМРО ДПМНЕ на интервјуто објавено на Сител на новиот претседател на СДСМ.
„Димитар Ковачевски вечерва призна дека е продолжение на Заевизмот. Истите бледи политики на економско поле и во енергетскиот сектор ќе продолжат повторно како во времето на Заев.“
Со Ковачевски се луѓето на Заев, Зечевиќ, Лукаревска, Богоев, Костадинов, Каевски, Битиќи, скоро 90% од врвот, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Според ВМРО ДПМНЕ Ковачевски вечерва го аболицираше Заев за лошите политики, за 60.000 останати без работа, за 5.600 затворени фирми, за десеткратно поскапата струја која ја плаќаме, за рекетот и криминалот.
„Не откажувањето од Заев е доказ дека тој само ќе ги продолжи неговите политики“, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.