„Ковачевски кукавучки се крие зад работната група за уставни измени.
Работната група за уставни амандмани нема кредибилитет, вистинските експерти со време се оградија.
Професорите од областа на Уставното право, луѓе од професијата на уставната материја и научници од сродни области, кои имаат голема професионална кариера не сакаат да бидат дел од аматеризмот наречен работна група за уставни амандмани, затоа што за уставни промени нема консензус.
Уставни измени можат да се случат само со широк народен консензус, туркање на уставни промени спротивно на волјата на народот од една тесна политичка клика само носи поделби во општеството и дополнително негодување.
Кога СДС и ДУИ видоа дека немаат експерти за во работната група, прибегнаа кон ангажирање на пензионирани луѓе, кои се родители на нивни функционери, како што е примерот со Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, сестри на функционери од ДУИ, како што е примерот со Беса Арифи, сестра на Теута Арифи и луѓе кои се јавуваат како дежурни пропагатори на политиките на власта во дебатни емисии или во колумни како Ана Чупеска.
На листата на таканаречени експерти се најде и поранешниот претседател на Уставниот суд, Сали Мурати, кој им ги зголеми платите на судиите, под изговор дека се гладни, а тој самиот на имотен лист имаше пријавено цело богатство, два стана и куќа.
На листата се и Јетон Шасивари, Марија Пендевска и Бајрам Положани, кои не пропуштаат дебатна емисија да ја пофалат власта, а дел од нив беа и поддржувачи на криминалното СЈО.
Колку СДС не знае што прави покажува фактот дека во работната група ја ангажирале и Јагода Митревска, која самата се фали дека има искуство со кампањи и следење на избори во Русија. Па така од набљудувач на кампањи во Русија до креатор на Уставни измени во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.