СДСМ и Димитар Ковачевски да покажат минимум политичка зрелост и чувство за државата. Да се издигнат над ситуацијата и барем еднаш да застанат во одбрана на македонското национално единство, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ подава рака за национално единство, Ковачевски да ги напушти политиките на заевизмот и да застане во одбрана на националните и државни интереси. За националните интереси потребно е да се обезбеди заедништво. Со политиките на заевизмот кои ги изминираа македонските позиции тоа не е можно. Македонија е наш заеднички дом и сите ние сме дел од тој дом. Ковачевски да не стои спроти народот, да не се крие, и да покаже минимум национално чувство. Мора да се обединиме околу националните црвени линии. На народот му е преку глава од порази, и од СДСМ да застанат зад линијата на државните и национални интереси. Подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ останува кога во прашање се Македонија и народот. Ковачевски да се охрабри и да дојде на страната на Македонија, велат од партијата.