Ковачевски ,бегајќи од референдум, го игнорира народот, а за енергетската криза не презема ништо, само покачува цени, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Фрапантно е што Ковачевски упорно го лаже народот дека со преговарачката рамка заштитени се јазикот и идентитетот, а со неа, всушност, ѝ се дава можност на Бугарија, доколку во Комисијата за историски прашања не се договорат во однос на одредено прашање, да нѐ блокира, односно да стави вето на нашиот пат кон ЕУ додека не се исполни бугарскиот ултиматум. Што значи тоа? Тоа значи дека ставовите во однос на историјата мора да ги изедначиме со бугарскиот поглед, а тој гледаме дека ги негира јазикот и нацијата, па така имаме блокада за која ништо не пишува во рамката, но која би се случила доколку се промени Уставот и се почне со преговарање според бугарските услови за на крајот сето тоа да резултира со целосна бугаризација.

Ковачевски го знае сето ова, но свесно турка бугаризација, само за ден повеќе да се задржи на власт. Токму затоа е потребен референдум, кој ќе го спречи ова предавство во режија на Ковачевски и Пендаровски.

Во однос на енергетската криза Ковачевски не направи ништо. Земјите од регионот набавија веќе резерви на гас, мазут и јаглен, а дополнително имаат и процентуално поголемо производство на струја. За разлика од другите, Македонија со Ковачевски ја чека есента за во паника да набавува енергенти и да се расфрлаат со провизии поради високите цени што ќе бидат присутни“, се наведува во соопштението.

Од опозициската партија додаваат дека Ковачевски нема никаков план за иднината на Македонија. Негов единствен план, како што велат, е како да се задржи ден повеќе на власт.