Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на прес конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Од тамму велат дека „правната држава завршува таму каде СДСМ, Заев и Спасовски почнува“.
„Кој нормален ќе поверува дека полициски службеници сами, без знаење на претпоставени кои се поставени директно од Спасовски сами издавале пасоши на нарко босови? Според мафијашката власт службеници се криви за пасошите за нарко босови? Маргиналци се криви за државниот рекет каде никогаш не се расчисти каде завршија парите? Никој не е крив ниту за туцето пари на Ден Дончев кој избега во Австралија? Никој не е крив ниту за бегството на Мијалков?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму порачуваат дека „никој не е крив, зашто Владата на Заев е мафијата, а врана на врана очи не вади“.