ВМРО-ДПМНЕ го прозва премиерот Ковачевски по свеченото пуштање на спопеникот на УЧК во Липково, кој претставува столб висок 20 метри.
-Каде е Ковачевски да го искоментира столбот во Липково на ДУИ? Во Битола бугарско здружение за ликот на Михајлов, во Липково 20 метарски столб на УЧК. Има ли оваа држава премиер и институции? Дали СДС наместо инвестиции сега поддржува градење столбови и споменици? Дали Ковачевски на ова аплаудира, или негодува? Зошто Липково нема квалитетна патна мрежа, а има столб од бетон висок 20 метри? Зошто Липково нема квалитетна струјна мрежа а има споменик, и дали споменикот ќе ги врати иселените од Липково? Ветуваа Европа, а донесоа бетонски столбови. Колку вреќи пари СДСМ и ДУИ ќе украдат во име на столбот во Липково?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.