Пишува Ким МЕХМЕТИ

Последните локални избори ја докажаа вистината што можеби не ни годи, но што треба да ја признаеме ние Албанците од Македонија: Македонците имаат опозициона профилизирана партија, која успеа да го казни „шарениот лажго” – Заев, кој се чини дека гради „Македонија за сите” лопови на СДСМ и ДИУ, додека ние Албанците останавме да тонеме во дводецениската политичка кал и политичко ѓубре на ленинистите на ДУИ.

И нормално, после сето ова, следи логичното прашање: зошто не можеме да се одлепиме од оваа кал и, зошто не можеме да го исчистиме оваа политичко ѓубре? Дали одошто сме политички по „необразовани” од останатите, или затоа што нашите опозициони партии се рожба и отпадоци на ДУИ и ДПА? Или затоа што идеолошкиот и политички концепт на овдешните албански политички партии, е идентичен, и не оди потаму од доаѓањето по секоја цена на власт, при што се употребува логиката на проститутките, при „збратимувањето” со македонските партии: не прашувај кој е, и каков е муштеријата, туку гледај колку му е длабок џебот, и колку тој те плаќа?

Без сомнеж дека неправедно е за ова оваа политика беда во која се наоѓаме да ги обвинуваме само политичките партии, бидејќи на нас овдешните Албанци ни недостасуваат и останатите елити кои го сочинуваат рбетот на еден етнитет, и на едно општество. Односно нам ни се множат универзитетите и докторите по науки, но расте и бројот на дипломираните аналфабети, нам ни се множат и опозиционите партии, но расте бројот на тие што би го продале и мајчиното млеко само за една функционерска фотелја.

Кратко кажано: Македонците имаат две етаблирани партии, кои не ги праштаат една на другата гревовите и грешките, како што се случи и на последните локални избори кога ВМРО-ДПМНЕ го порази лажгото од Муртино. А при што ние Албанците останавме заложници на многуте партии кои се како сестри во крвно сродство, сестри кои се налик на уличарки, кои штом се вратат дома ( кога се во опозиција) глумат дека се загрижени за судбината и честа на семејството, но кога ќе се најде некој што ќе им пружи задоволства и богат живот (кога се дел од владините коалиции), тие забораваат дека со своето однесување го оштетуваат и го срамат сиот свој род.
Ким Мехмети