Итна седница во Собранието, со две точки на дневен ред, бара ВМРО-ДПМНЕ. Првата точка за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче и втората точка за разрешување на неговиот заменик, Илир Хасани. Иницијативата ја базираат на член 67 и 68 од Собранискиот деловник.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекуваат собранискиот спикер Талат Џафери во рок од 10 дена да закаже седница, оценувајќи дека состојбата е од итен карактер и разрешувањето треба да биде итно. Но, од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека се уште не добиле барање за итна седница.
„До сега официјално се уште не испратиле барање за итна седница. Од оваа причина нема да има став од страна на собранискиот спикер Талат Џафери. Како и до сега претседателот на Собранието никогаш не ги коментира политичките изјави се додека тие не се достават официјално“, велат од Кабинетот на претседателот на Собранието.
Меѓутоа премиерот Заев и по првичните резултати за причините за пожарот, не ги прифати оставките на министрите за здравство. Според него треба да се почека да завршат сите вештачења за да се донесе одлука.
Според извештајот на ОЈО, пожарот бил предизвика од краток електричен спој на продолжен кабел каде што бил вклучен дефибрилатор, полнач за телефон и уште еден апарат.