Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, додаваат од владејаќката партија, тврдеше дека државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%.
„Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во Европа. Владата реши да ја субвенционира електричната енергија и со тоа директно да го заштити стандардот на граѓаните“.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче треба да се извинат што, како што велат, го лажеа народот и граѓаните и споделуваа црни сценарија.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најниско покачување на струјата во Европа, СДС и Филипче треба да се извинат што го лажеа народот е превземен од МАКФАКС.























