Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на интервјуто со првиот вицепремиер, од редовите на ДУИ, Артан Груби во ТВ21.
Тие велат дека добро би било Груби да излезе и да каже дека ДУИ прифатиле предвремени парламентарни избори следната година.
-За разлика од СДСМ/ДУИ, ние нема да навлегуваме во стапицата на националистички тези и романтизми кои ги користат за да го покријат криминалот кој се одвива во позадина. Имајќи го предвид скромниот капацитет на Артан Груби и неговата политика на сеење омраза, поделби и национализам не очекуваме поинаков пристап од веќе видениот на рекла казала политики“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа веројатно по изјавата на Груби дека Мицкоски прифатил премиер Албанец, 100 дена пред наредните избори, но во соопштението не се спомнува оваа изјава, ниту се демантира.