„Градоначалниците од СДС имаат само матни зделки и криминали, затоа се кријат и немаат отчети.

Пример како функционира СДС е работата на градоначалникот на Центар, каде се продаде земјиште во строг центар за само 7 евра за метар квадратен.

Земјиштето спроти Нова Македонија е продадено по мизерна цена од 7 евра, а вообичаено цените одат и над 2000 евра за метар квадратен.

По примерот на Центар е и Берово. Во Берово хотелски комплекс ќе гради мајката на Стефан Богоев.

Додека Богоев е висок функционер на СДС неговото семејство купува имот во општина каде власт е СДС  со маркица за градба на хотел.

Градоначалниците на СДС не можат да се пофалат со проекти за граѓаните, но со многу матни зделки од типот на Центар и Берово“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.