Пендаровски кој е слуга на Владата, да каже како отфрлање на билатерален договор кој е основа за асимилација е антиевропски Референдум? Прв случај во историјата Претседател на демократска држава да не сака да го слушне народот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Пендаровски изјави дека референдумското прашање кое го постави опозицијата е антиевропско.

-Договорот со Бугарија е извор ма сите негации на Македонија, македонскиот народ, историја и јазик. Со тој Договор, Заев наметна на државата товар со работи кои ниту Бугарските политичари пред тоа не се осмелувале да ги побараат

Договорот со Бугарија беше фрапантен и за најголемите Бугарски шовинисти. Кои не веруваа дека постои Македонски политичар кој ќе си ја негира нацијата и јазикот. И нормално дека откако Заев го проби дното, да доаѓаат се повеќе нови барања кои се понижување за држават. Затоа е време да ставиме крај на понижувањата.

Заев, Ковачевски, Пендаровски и СДС не се Македонија, тие се несреќен исклучок, кој никогаш нема да се повтори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.