ВМРО-ДПМНЕ ги повлече поднесените амандмани за предлог законот за државјанство поднесен од страна на коалицијата Алјанса за Албанците и Алтернатива.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ги повика Алијанса за Албанците и Алтернатива, сега да ги повлечат амандманите на петтиот пакет економски мерки. Според него, на политиканствата на СДСМ, на сметка на граѓаните и на стопанството, им нема крај, така што смета дека и носењето на нов закон за државјанство ќе потрае.
„Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој се наоѓаат земјата, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство, со цел конечно да се изгласа петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и на стопанството. Дури и во вакви моменти, кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, Заев и СДСМ без око да им трепне покажуваат огромна неодговорност и негрижа за граѓаните и стопанството, вели Мицевски.