ВМРО-ДПМНЕ ги достави до Антикорупциска сите документи што ги поседува во врска со набавката на 200.000 кинески вакцини, со цел Комисијата да ја утврди нивната автентичност. Ваквата постапка на ВМРО следува по реакцијата на министерот Ванко Филипче кој рече дека документите се целосно фалсификувани.
Од Антикорупциската комисија велат дека се во фаза на собирање на податоците што беа објавени во италијанскиот весник „Ла Верита“, што оставаат простор за сомневање дека имало злоупотреби во процесот за набавка на кинеските вакцини.
Обвинителството за организиран криминал и корупција објави дека внимателно ги следи информациите околу овој случај.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека според документите што ги поседуваат, на фантомска компанија ѝ биле префрлени 12,5 милиони долари за 200.000 вакцини, што е 100% поскапо од реалната цена. Тоа значи, наместо 30 долари, според ВМРО, биле уплатени 62 и пол евра за една вакцина.