СДС не може да си го среди хаосот во сопствените редови, не пак да друго. Прво што треба да направи Венко Филипче, ако е доблесен, на средбите со граѓаните наместо да им продава демагогија, да им се извини за општествениот, економски, социјален хаос кој го остави седумгодишното владеење на СДС, каде директен учесник беше и тој самиот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Креаторот на проблемите, СДС не може да биде решение.

За седум години ја опљачкаа и ја презадолжија државата, економијата ја уништија, а народот го осиромашија.

Седум години институциите на СДС му служеле за испумпување пари и богатење на поединци.

Целиот државен апарат и безбедносен систем ги ставиле во функција на нивно останува на власт, па така го следеле, прислушкувале и документирале секој чекор и разговор на претседателот Христијан Мицкоски, партиски функционери и членови, како и новинари и бизнисмени“.

Сега, додаваат од владејачката партија, СДС, на чело со Венко Филипче, може да седи и да гледа како со ВМРО-ДПМНЕ се водат и се развиваат општините и државата, како се реализираат проекти и се креираат мерки и политики кои го подобруваат животот.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, ако е доблесен, нека им се извини на граѓаните за целокупниот хаос во државата оставен од владеењето на СДС е превземен од МАКФАКС.