По повод одложувањето на примопредавањето на вакцините од Србија, кое требаше да се случи денеска попладне на граничниот премин „Табановце“, се огласија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат таму, очекуваат оставка од министерот Венко Филипе и да ја спаси земјава од епската неспособност и брука.
-Одложувањето на примопредавањето на вакцините е епска брука и неспособност, Филипче изутрина да си напише оставка Одложувањето на примопредавањето на вакцините кое Владата на Заев го најавуваше 10 дена е дел од епската брука и неспособност на Заев. Наместо да се правдаат дека и ова е перцепција, утре чекаме Филипче сам да си ја напише оставката и да ја спаси земјава од епската неспособност и брука. Заев го проби дното. Банда неспособни луѓе управуваат со нашата земја, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, за денеска во 14 часот на граничниот премин „Табановце“ требаше да има примопредавање на првата пратка од „Фајзер“ вакцините од вкупно осум илјади дози кои Србија ги вети за Македонија. Сепак, целата манифестација е одложена, поради, како што велат од владата, административно усогласување на документацијата.