„Ем шуто ем боде”, вака е однесувањето на СДСМ со оправдувањето на чекорот на Ковачевски кој гласно се смее на изјавата дека Македонија ќе биде западна Бугарија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека на овој начин со неподнослива понизност реагираат и се однесуваат нема идентитетско обележје кое не го доведуваат во прашање.

-Нема понижување кое и го приредија на земјава, а СДСМ која се однесува како антидржавен елемент, да не го оправда. Од денес предавствата и понижувањата на Заев паднаа во сенка, понижувањата на Ковачевски ги надминаа тие на Заев. Срамно е што СДСМ оправдува изјава во која се негира Македонија. Ковчевски и СДСМ се срам за Македонија. Итна оставка на Ковачевски и извинување до граѓаните на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.