Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска се закани дека со сите средства во Собрание ќе го блокира воведувањето на зелениот данок, со кој цената на горивата во земјата ќе поскапат за над 4 денари.
„Да потенцирам уште еднаш, ќе го блокира со сите расположливи средства ова не смее да помине, и овие давачки не смеат да бидат на товар на граѓаните“, изјави портпаролот на партијата Димче Арсовски.
Тој тврди дека енормното покачување на цената на горивата ќе предизвика ценовен шок, при што на удар ќе бидат сите производи и услуги во чие производство горивата играат важна улога.
„Тука постои опасност и можност да се покачат и сите цени на транспортниот сообраќај во Република Македонија само заради тоа што има вакво сериозно покачување од Зоран Заев. И тука се загрозени веќе повеќе од половина од граѓаните кои што користат јавен или било каков транспорт“, додаде Арсовски.
Според него, само во последната година бензините од 50 денари по литар скокнаа на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар скокна дури на 63 денари.
Ако се дозволи воведување на данокот, секое македонско семејство за гориво месечно ќе одвојува во просек повеќе од 600 денари