Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски вели дека опозицијата не е виновна за нефункционалноста на Собранието, туку виновно е владејачкото мнозинство кое како што вели не може да обезбеди кворум за функционирање на законодавниот дом.
-Тоа мнозинство не е функционално, а тоа се гледа секој ден во работата на Собранието, вели Стојановски во Утрински брифинг и додава:
-Проблемите во владејачкото мнозинство се изразени до таа мера изразени да имаат самите проблем да свикаат седница во Собрнието и да направат кворум, не заради тоа што опозицијата не е присутна, туку заради тоа што не можат да се договорат кои точки да бидат на дневен ред.
Што се однесува до идејата на Заев за национална влада, односно широка Влада, Стојановски категоричен:
Преговори со мафија нема, ќе ги поразиме на избори и понатаму ВМРО-ДПМНЕ ќе состави влада која што ќе ја води оваа држава и ќе ја извади од кризата во која што се наоѓа во изминатиот период, вели Стојановски.