Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за за вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ поради извештајот на Транспаренси интернешнал каде земјата е рангирана како најкорумпирана земја во Балканот и Европа.

Владо Мисајловски вели дека  Македонија е црна дупка во Европа каде има партизираната администрација, политизираното обвинителство и заробеното судство.

„Повеќе од година дена немаме разрешница за најголемата рекетарска афера во Европа. Бојан Јовановски, кој сите го видовме со полна торба пари, во судница кажа дека парите од рекетот да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, а обвинителството не ги ни повика ниту на распитување. Сите го видовме Ден Дончев, како трпа туциња пари во торба, а ЈО требаше барем да започне истрага каде завршија парите“, истакна Владо Мисајловски.

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски смета дека борбата против криминалот и корупцијата е започната, иако е тешка.

„Со децении работите не ги менуваме. Само еден податок ќе ви кажам. Од Судскиот совет податок кој што го добивме, официјално пред само неколку дена. Од 2018-та до 2020-та година во државата имаме застарени 3292 предмети, кривични, граѓански прекршочни“, изјави Николовски.