Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче до Собранието. Пратениците на оваа партија побараа веднаш да започне расправа по оваа точка.

Тие бараат на денешната седница да биде ставена како точка на дневен ред нивниот предлог за разрешување на министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани поради трагедијата во Ковид модуларната болница во Тетово во која загинаа 14 лица.

Откако поминаа четири дена од оставките на првите луѓе на здравство, што досега не се доставени од Владата во парламентот, ВМРО-ДПНЕ го поднесе предлогот за нивно разрешување пред почетокот на денешната нова седница.