Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерационално трошење на парите на граѓаните и неконтролирано задолжување. Како што велат тие, во 2017-та година кога СДСМ дошле на власт долгот бил 4,7 милијарди евра, а до крајот на годината истиот долг ќе се искачи на 8 милијарди.
-За 5 години СДСМ ја задолжи државата колку сите влади пред нив заедно.
Моментално јавниот долг е над 7 милијарди евра, а по земањето на заемот од ММФ од 900 милиони евра и еврообврзница, тој ќе биде над 8 милијарди, што во проценти од БДП е над 70%.
За 5 години долгот е енормно зголемен без да има еден проект, ниту инвестиција.
Сите капитални проекти стојат во место. Нема Клиничка болница во Штип, ниту Клинички центар во Скопје. Автопатот Кичево – Охрид не може да мрдне од мртва точка.
Пет години СДСМ буквално ги помина во криминал и корупција. Државата не само што стагнираше, туку и изгуби чекор со регионот, каде забрзано се инвестира во инфраструктура.
Пет години државата тоне. Доколку СДСМ остане на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции и раст воопшто нема да има. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.