Добро е СДС уште еднаш призна дека по економскиот пустош кои тие го оставиле, македонската економија бележи раст. По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за нецела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП, реагираат од владејачката партија на прес-конференцијата на Кристина Костова потпретседателка на СДСМ.
Додаваат дека трето тримесечје по ред, Македонија бележи раст на БДП за 3 или над 3%.
„Имајќи предвид каква економска состојба беше наследена, ова е повеќе од добар резултат којшто ги поставува основите за понатамошен раст и развој на економијата. Кога СДС, зборува и лие крокодилски солзи за инфлацијата, која постепено и таа се намалува и се става под контрола, ако заборавиле, ги потсетуваме дека за време на нивното владеење инфлацијата, која го јадеше стандардот на граѓаните, беше двоцифрена“.
Добро е велат од партијата на Мицкоски, што СДС со своите прес-конференции признава дека добро осмислените економските политики и мерки преземени и имплементирани од страна на Владата, даваат резултати. „Дека полека заживува економијата која тие ја оставија опустошена, дека расте БДП и се намалува инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена“.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДС признава дека економијата заживува, БДП расте и инфлацијата, која во нивно време беше двоцифрена, се намалува е превземен од МАКФАКС.