Добро е Артан Груби што е свесен дека ќе лежи затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на Груби.

Во нивното соопштение се вели:

Груби лаже и затоа растура пердуви.Кога не би лажел требаше да одговори:Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за „Бехтел и Енка“ да важи англосаксонско право?Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени?Зошто сите грешки од проектирањето на „Бехтел и Енка“ ќе ги плаќа државата т.е. граѓаните?Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската која ја преземале за зголемување на часовите на работна недела?