ВМРО-ДПМНЕ денеска почнува со блокада на крстосници во десет градови се додека не добие одговор дали бугарската декларација ќе биде дел од македонскиот патоказ и што содржи тој патоказ.

Со повикот „Доста е, излези за Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ блокира три крстосници во Скопје и во девет други градови.

„Овој народ заслужува да знае со што се пазари Зоран Заев и оваа влада. Заев да каже за што разговара!“, пишува лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во повикот за блокади.