По препукувањата на релација Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија излезе со соопштение во кое обвинува дека градоначалничката одработува за СДСМ и Ковачевски. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска е уценета и сега одработува за власта.

-Данела Арсовска самата се вброи во новоформирана коалиција која е финансирана и контролирана од пара полициските структури на СДС.  Вистинското прашање е што е уцената позади која Арсовска е принудена да одработува за СДС и да брка луѓе од работа. Дали е тоа поради тоа што е фатена во сомнеж за корупција од 160 милиони евра за пречистителната станица, незаконски дејанија кои ги потврди и Европската инвестициска банка? Дали е поради тоа што Арсовска се доведуваше во поврзаност со палењето на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори и непревземањето на МВР на конкретни дејанија за овој случај?   Дали Арсовска е принудена да одработува за СДС за да се спаси од кривичен прогон влегувајќи во новоформираната коалиција на уценети одработувачи на власта?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.