СДСМ бара итно разрешување на Каролина Симовска – директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата – „Козле“.

„Целото функционирање на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа на Клиниката во „Козле“, е доведено во прашање после 40 години поради Симовска а штетата е и за децата и за вработените.

Последен е случајот со докторката Јосифова. Со 27 годиишно искуство оваа врвна докторка дрско е избркана од работа и оставена на улица, само затоа што се борела за детски живот.

Посветена, искусна лекарка, која што загрижена за здравје на дете присуствувала при успешна лекарска интервенција Симовска ја брка“, велат од опозициската партија.

Тоа според нив е мобинг од невидени размери и класична неправда озоможена од ДПМНЕ.

„Кој ќе ги лечи децата, имате ли грам осет вие дека децата ќе нема кој да лечи? Или партијата ви е пред детските животи“, прашуваат од СДСМ.

Како што информираат, врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, веќе си дадоа оставки поради скандалозното однесување на Симовска.

„На клиниката има и проблеми со неопходни „баскет“ апарати и други материјали. Своеволието на Симовска уништува многу животи а загрозува детски животи.

Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност. Симовска мора веднаш да биде разрешена“, потенцираат од СДСМ.