Коалицијата Алијанса/Алтернатива со поднесени повеќе од 400 амандмани ја блокира одлуката за продолжување на кризната состојба. Оваа точка е на дневен ред на утрешната седница, која, како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, е одложена на неодредено време поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ го условило кворумот со барање утре да се расправа само за три, наместо за 30 точки, колку што се на дневен ред. Џафери ги повика пратениците да се вратат во Собранието, бидејќи нема намера да употребува друг механизам и да враќа слики од минатото.
Овие над 400 амандмани се поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива и се условување да се прифати нивниот предлог-закон за државјанство кој, пак, е блокиран со десетици илјади амандмани од ВМРО-ДПМНЕ.