Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ бараме пописот да се одложи за септември, а во таа насока Собранието да закаже итна седница за да може да се интервенира во законот за самото одлагање, изјави Антонио Милошоски и додава:
Сите држави во регионот, во Европа, ќе набројам неколку, Ирска, Србија, Германија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Романија и многу други ги одложија пописите токму од овие причини затоа што сакаат да го заштитат здравјето на населението, а во подобри услови да одржат попис кој што би дал релевантни податоци. Според нас, човечки и хумано е на толку многу заболени и на превисока смртност, приоритет за имунизација да се даде и да имаат медицинските лица, хронично болните лица и потоа сите други останати. Секој друг редослед или приоритет би значел давање предност на политиката наместо на човечноста во медицината, вели Милошоски.