Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во собранието. Односот на Џафери кој може да се слушне во видео материјал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Според нив, Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато.
-Ова не смее никогаш повеќе да се повтори. Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во партиското соопштение на опозициската партија.