Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикуваат владејачката СДСМ да ја поддржи Декларацијата со која во 8 точки се афирмира заложбата за заштита на ликот и делото на македонскиот револуцинер Гоце Делчев, а која пред два дена ја поднесоа во Собранието.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на панел дискусија организирана од опозициската партија, а насловена „Гоце е Македонија“ кажа е потребно единство помеѓу македоснките граѓани за суштинските прашања за кои е непримерно и неевропски да се дискутира во 21 век.
Поранешниот македонски амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев на оваа дискусија кажа дека е неопходна широко општествена дебата меѓу МАНУ, граѓанскиот сектор, заедно со политката за да се изгради еден содоветен однос за тоа што претставува уверзалноста и европскиот лик на Гоце Делчев. Според него најголема пречка во добросеодските односи е токму Договорот со Бугарија за кој смета дека е нерамноправен и несиметричен, како и начинот на толкување на заедничката историја од страна на источниот сосед.
„Гоце Делчев за нас е примарен и тој е нашиот органски тип на македонски човек, а за разлика од нас во Бугарија имав можност додека бев амбасадор да ја следам емисијата Големите Бугари, и имаше анкета каде Гоце Делчев беше рангиран на 54 место , несомнено дека Васил Левски кој исто така е голем бугарскир еволуцониер беше на прво место, 54 место покажува колку Гоце Делчев е важен за бугарската држава и токму затоа нивното интервенирање во историски контекст, а тоа се однесува и на денешнината и спречување на градење на заедничка иднина овозможува на нецивилизиран начин и непријателски да се спречи нашето чекорење кон ЕУ и негирањето на Гоце Делчев значи негирање на европски вредности.Марјан Ѓорчев – Поранешен амбасадор на Македонија во Р. Бугарија.
За Декларација за Гоце Делчев од владејачката партија засега велат дека пратеничката група предводена од СДСМ дополнително ќе се произнесе во Собарнието, а нема реакции ниту од останатите политички партии. Единствено шефот на државата Пендаровски изјави дека не гледа потреба од неа, со оглед на тоа што земјава има исцртано црвени линии во преговорите со Бугарија со резолуцијата донесена во Собранието.