ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение обвинуваат дека аферата која ја нарекуваат “Мафија“ не можела да се случи без да знаат премиерот Заев и министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Како што велат тие тие двајца се на чело на криминалниот октопод.
-Само криминалци овозможуваат заштита на криминалци. Таков е случајот и со Зоран Заев и Оливер Спасовски. Тие направиле од државата Колумбија на Балканот. Овозможиле пасоши на српско – црногорска мафија, албанската, турската и италијанската мафија. И денес Заев и Спасовски овозможуваат заштита на криминалците зошто никој не ги бара и гони за кривично дело.
Мрежата на Седат Пекер во Турција се апси, а во Македонија истиот тој шета со заштита од полицијата. Тоа е така зошто Заев е на чело на тој криминален октопод.
Аферата „Мафија“ покажува дека Заев и Спасовски се главата на криминалниот нарко картел исповрзан со мафиите од регионот.
Што се однесува до Пустец токму МВР на Спасовски е тоа кое на познати криминалци крадело идентитети на граѓани од Пустец за да ја спаси мафијата.