Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Извршниот комитет, а потоа и Централниот комитет донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Данела Арсовска“, порача Мицкоски.
Мицкоски додава дека е сигурен оти Арсовска ќе победи на претстојните локални избори.