ВМРО-ДПМНЕ денеска ја поднесе Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија до Собранието и очекува од претседателот Талат Џафери што поскоро да ја стави на дневен ред на усвојување.
Ова го истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој ги повика сите пратенички групи да стават потпис на Резолуцијата со што ќе се постигне целосен консензус околу ова прашање.
Резолуцијата е доставена до претседателот на Собранието и на неа стои Република С. Македонија, за Џафери да не им го одбие документот како невалиден.
Оваа резолуција ВМРО-ДПМНЕ ја поднесува со цел да се постигне државен и заеднички став околу црвените линии, пред се за идентитетот и јазикот во преговорите со Бугарија.