ВМРО-ДПМНЕ се огласи откако Бујар Османи, во улога на портпарол на ДУИ, соопшти дека се подготвени да поддржат Влада без ДУИ, доколку уставните измени бидат изгласани и стапат на сила пред формирање на таа влада.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените се до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале неќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни.