Денови наназад гледаме таблоидна офанзива од кујните на ВМРО со ист наратив, исти наслови и ист стил – агресивно повторување лаги за претседателот Филипче. Целта е дефокус од криминалните тендери на ВМРО и договорот мигранти за пари, велат од СДСМ.

„Јавноста се бомбардира со измислици за Дубаи, визи, згради и летови што не постојат. Го следат претседателот Филипче, ги злоупотребуваат службите, но не објавуваат слики од Дубаи? Зошто нема ниту една слика од Дубаи? Затоа што ги нема. Зошто нема фотографија од авион, од било што? Одговорот е едноставен и очигледен – затоа што лажат“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека ВМРО и колаборатите од ЗНАМ не демантирале ниту еден факт што го објавил СДСМ за криминалните тендери.

„Нема одговори. Има само copy-paste текстови, сензационалистички наслови и обиди преку медиумска бучава да се прикрие суштината дека ВМРО и ЗНАМ делат криминални тендери зад грбот на народот. Затоа им е потребен дефокс. Затоа се фабрикува приказна за Дубаи. Сакаат темата за криминалните тендери и мигранти за пари да се задуши. Но вистината не се брише со таблоидни наслов. Дефокусот е прочитан. Лагите се разоткриени“, велат од СДСМ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ ја бомбардира јавноста со измислици за Дубаи, но немаат ниту една слика од таму, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.