„СДС предводена од дезертерот Ковачевски е партија која лаже и клевети. Тоа го потврдува и пресуда од суд која утврдила дека СДС изнесува клевети и лаги за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и едно вакво партизирано судство на СДС не може да ги спаси од очигледните лаги и невистини.
Но се поизвесно е дека СДС се во страшен очај. Гледаат дека пропаѓаат со рејтингот и се обидуваат со нови лаги и манипулации да се спасат. Тоа не им поминува кај народот.
Граѓаните гледаат дека оваа партија и нејзиниот лидер Ковачевски станаа заложници на Ахмети и единствено кои ги интересира се матните тендери и меракот за пари.
Така е и на централно ниво, но за жал така е и на ниво на Град Скопје. Впрочем меракот за пари е лепакот кој ја врзува и Тачела коалицијата. Оваа коалиција на Арсовска и Ковачевски е причината поради која Градот Скопје тоне во хаос. Директорот на ЈСП е кадар на СДС и тој е оној кој потпиша сомнителен договор од 27 милиони евра семејната фирма на пратеникот на владејачкото мнозинство на Ковачевски. Кадарот од Тачела коалицијата е главниот одговорен за колапсот во јавниот превоз.
Дополнително, СДС после 7 години власт во Скопје не успеа да обезбеди чист воздух иако ветуваа. Каде отиде паролата “ајро-ајро“, каде отидоа проектите кои ги ветуваа со кои требаше трајно да се реши проблемот со загадениот воздух? Каде отидоа 20 милијарди евра буџетски средства кои ги истрошија а ништо не направија? Зошто дозволија драстично да порасне сиромаштијата кај граѓаните?
Неспособните СДС не може да глумат опозиција и да бараат одговорност од сите други само не од самите себе. Ако веќе не се кадарни да ги решаваат проблемите, нека излезат на избори, па од позиција на опозиција нека зборуваат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.