Се поголемиот број заразени со Ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување и невремето што ја зафати Албанија, обилен снег и минусни температури, кои го отежнуваат транспортот на болните до Тирана, најавено е отворање на ковид центрите во регионалните болници.
Според министерката за здравство Огерта Манастирлиу ситуацијата во четирите ковид болници е под контрола, но „бројот на пациенти кои добиваат услуги секојдневно се зголемува“.
-Во овој период, регионалните болници третираа пост-ковидни случаи, затоа тие се подготвени и ние инвестиравме во зголемување на капацитетот на овие болници. Регионалните болници се подготвени да обезбедат услуги. Најпрво планираме отворање на 5 регионални болници а доколку има потреба, се молиме да нема и останатите, најави Манастирлиу.
Четирите ковид болници во Тирана, располагаат со 550 легла а заедно со регионалните болници тој број е 1.600. Според денешните податоци на министерството во четирите ковид болници се хоспитализирани 531 пациент, од нив 11 интубирани.
Во земјата продолжува негативниот тренд на новозаразени. Во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран
кај 1.088 лица, од направените 3.885 тестови, што е 28 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 781 или 56.764 од вкупно заразените 93.075, додека битката со опасниот вирус ја загубиле 12 пациенти (1.555 досега).